Услови на користење за Workplace


ВИЕ ГАРАНТИРАТЕ И ИЗЈАВУВАТЕ ДЕКА ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ УСЛОВИ ЗА WORKPLACE ОНЛАЈН („ДОГОВОР“) ВО ИМЕ НА КОМПАНИЈА ИЛИ ДРУГ ПРАВЕН СУБЈЕКТ И ДЕКА ИМАТЕ ЦЕЛОСНО ОВЛАСТУВАЊЕ ДА ГО ОБВРЗЕТЕ ТОЈ СУБЈЕКТ КОН ОВОЈ ДОГОВОР. СЛЕДНИТЕ УПАТУВАЊА ДО „ВИЕ“, „ВАШ/И“ ИЛИ „КЛИЕНТ“ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ТАКВИОТ СУБЈЕКТ.
Ако главното седиште на вашиот бизнис се наоѓа во САД или Канада, овој Договор претставува договор меѓу вас и Meta Platforms, Inc. Во сите други случаи, овој договор претставува договор меѓу вас и Meta Platforms Ireland Ltd. Упатувањата до „Meta“, „нас“, „ние“, или „наш/и“ се однесуваат на Meta Platforms, Inc. или на Meta Platforms Ireland Ltd, во зависност од тоа кое е соодветно.
Следниве условите се однесуваат на вашето користење на Workplace. Вие потврдувате дека функциите и функционалностите на Workplace може да варираат и да се менуваат со текот на времето.
Одредени термини напишани со голема буква се дефинирани во Дел 12 (Дефиниции), додека пак другите се дефинирани во контекст на овој Договор.
  1. Користење на Workplace
    1. Вашите права на користење. За време на траењето на овие Услови, вие имате неексклузивно, непреносливо право и право на лиценца без можност да давате подлиценца за пристап и користење на Workplace во согласност со овој Договор. Користењето на Workplace e ограничено на корисниците (вклучително и корисниците на вашите Партнери, ако е применливо) за коишто имате овозможено сметки, и вие сте одговорни за сите Корисници и нивната усогласеност со овој Договор, како и за нивниoт пристап и користење на Workplace. За да биде појасно, Workplace како услуга ви се обезбедува вам, а не на индивидуалните корисници.
    2. Сметки. Податоците за вашата регистрација и сметката за администратор мора да бидат точни, целосни и ажурирани. Корисничките сметки се за индивидуални Корисници и не можат да се споделуваат или пренесуваат. Сите податоци за најавување мора да ги чувате доверливо и да се согласите дека веднаш ќе ја известите Meta ако откриете каква било неовластена употреба на вашите сметки или податоци за најавување.
    3. Ограничувања. Вие не смеете (и нема да му дозволите на никој друг): (а) да го користи Workplace во име на трети страни ниту да го давате под закуп, да го изнајмувате, да обезбедувате пристап до Workplace или да давате под-лиценца за Workplace на трети страни, освен на корисници како што е дозволено овде; (б) да вршите обратен инженеринг, декомпилирање, расклопување или на друг начин да барате пристап до изворниот код на Workplace, освен до степен кој е изречно дозволен согласно со важечките закони (а и тогаш само откако ќе доставите однапред известување до Meta); (в) да ги копирате, модифицирате или да создавате изведени работи на Workplace; (г) да отстранувате, модифицирате или да криете сопственички или други известувања содржани во Workplace; или (д) јавно да дисеминирате технички информации во врска со перформансите на Workplace.
    4. Конфигурација на правила. За време на поставувањето на вашата Workplace инстанца, ќе назначите еден или повеќе корисници како системски администратори на вашата Workplace заедница, кои ќе бидат одговори за управување со вашата Workplace инстанца. Мора да обезбедите најмалку еден системски администратор за вашата Workplace инстанца кој ќе биде активен во секое време.
    5. Workplace API. За времетраењето на овие Услови, Meta може да ви стави на располагање една или повеќе Workplace API, за да развивате и користите услуги и апликации коишто се комплементарни со вашето користење на Workplace. Секое користење на Workplace API од ваша страна, од вашите корисници или од трета страна во ваше име е уредено со важечките одредби од Правилата за платформата Workplace, коишто моментално се достапни на workplace.com/legal/WorkplacePlatformPolicy и коишто од време на време може да бидат менувани од страна на Meta.
    6. Поддршка. За вас ќе обезбедиме Workplace поддршка преку картичката за директна поддршка во административниот панел на Workplace („Канал за директна поддршка“). Барање за поддршка за да добиете одговор на прашање или за да пријавите проблем во врска со Workplace може да иницирате преку белешка која се поднесува преку Каналот за директна поддршка („Белешка за поддршка“). Првиот одговор на секоја белешка за поддршка го даваме во рок од 24 часа од времето кога сте добиле е-пошта со потврда дека вашата белешка за поддршка е валидно поднесена преку Каналот за директна поддршка.
  2. Вашите податоци и обврски
    1. Вашите податоци. Во согласност со овој Договор:
      1. вие ги задржувате сите права, сопственост и интереси (вклучително и правата на интелектуална сопственост) во врска со вашите податоци;
      2. за времетраењето на овие Услови, на Meta ѝ давате неексклузивно, целосно платено авторско право кое важи за целиот свет да ги користи вашите податоци единствено за да ви го обезбеди Workplace (и соодветната поддршка) во согласност со овој Договор; и
      3. потврдувате дека Meta е субјектот кој ја врши обработката на податоците и дека вие сте контролорот на вашите податоци, а со стапувањето во овој Договор, вие ѝ давате на Meta упатства да ги обработува вашите податоци во ваше име, само за целите наведени во овој Договор и во согласност со истиот (вклучително и Додатокот за обработка на податоци).
    2. Вашите обврски. Се согласувате (а) дека единствено вие сте одговорни за точноста и содржината на вашите податоци; (б) да ги добиете сите неопходни права и согласности од вашите корисници и трети страни што се бараат со закон, со кои се дозволува собирање и употреба на вашите податоци како што е предвидено во овој Договор; и (в) дека вашето користење на Workplace вклучително и на вашите податоци и нивната употреба овде, нема да претставува прекршување на законите или на правата на трета страна, вклучително ниту на правата на интелектуална сопственост, приватност или јавност. Ако некои од вашите податоци се поднесат или искористат на начин спротивен на Дел 2, вие се согласувате навремено да ги отстраните од Workplace. Единствено вие сте одговорни за носење одлука за споделување на вашите податоци со корисниците или со трети страни, а Meta нема да биде одговорна за употребата, пристапот, менувањето, дистрибуцијата или бришењето на вашите податоци од страна на оние на коишто вие или вашите корисници сте им ги ставиле на располагање.
    3. Забранети податоци. Се согласувате да не доставувате до Workplace никакви информации или податоци кои се предмет на заштита и/или ограничувања во однос на нивната дистрибуција согласно со важечките закони и/или прописи („Забранети информации“). Во врска со здравствените информации, потврдувате дека Meta не е Деловен соработник или подизведувач (како што овие термини се дефинирани во Законот за здравствено осигурување и одговорност („HIPPA“)) и дека Workplace не е усогласен со HIPPA. Во смисла на овој Договор, Meta нема да има никаква одговорност во врска со Забранети информации, без оглед дали истиот содржи нешто што е спротивно на тоа.
    4. Обесштетување. Meta ќе ја браните, ќе ја обесштетите и ќе ја сметате за недолжна (и нејзините Партнери и соодветни директори, службеници, вработени, агенти и претставници) во врска со сите барања (од трети страни и/или од Корисници), трошоци, оштети, одговорности и расходи (вклучително и разумни адвокатски трошоци) што произлегуваат од поврзаност со ваше прекршување или наводно прекршување на Дел 2 или на друг начин во врска со вашите податоци, вашите политики или користењето на Workspace спротивно на овој Договор. Meta може да учествува во одбрана и подмирување на ваквите барања со свој сопствен советник и на свој сопствен трошок. Вие нема да подмирувате никакви барања без претходна писмена согласност од Meta ако во постапката на подмирување се бара од Meta да преземе дејство, да се воздржи од преземање дејство или да признае каква било одговорност.
    5. Резервни копии и бришење податоци. Meta не нуди услуги за архивирање и единствено вие сте одговорни за креирање резервни копии од вашите податоци. Вашите податоци коишто содржат Корисничка содржина можете да ги избришете во секое време преку функционалноста на систем администратор на Workplace.
    6. Збирни податоци. Согласно со овој Договор, исто така може да генерираме збирни статистички и аналитички податоци коишто произлегуваат од вашето користење на Workplace („Збирни податоци“), но таквите Збирни податоци нема да ги содржат Вашите податоци или какви било лични податоци.
  3. Безбедност на податоците
    1. Безбедност на вашите податоци. Ќе користиме соодветни технички организациски и безбедносни мерки дизајнирани за заштита на вашите податоци во наша сопственост од неовластен пристап, менување, објавување или уништување, како што е понатаму опишано во Додатокот за безбедност на податоците.
    2. Законски објавувања и барања од трети страни. Генерално, вие сте одговорни за давање одговор на барања на трета страна во врска со вашите податоци, како што се барања од регулатори, корисници и агенција за спроведување на законот („Барања на трети страни“), но свесни сте дека, во одговорот на барање на трета страна, Meta може да ги објави вашите податоци за да постапи во согласност со законските барања. Во вакви околности, до степен дозволен со закон и условите на барањето на третата стана, ќе вложиме разумни напори за (а) да ве известиме за приемот на барање од трета страна и ќе побараме од третата страна да стапи во контакт со вас и (б) да постапиме во согласност со вашите разумни барања во врска со вашите напори да се спротивставите на барањето на третата страна, на ваш трошок. Прво ќе настојувате сами да ги добиете информациите што се бараат како одговор на барањето на третата страна, а нас ќе нѐ контактирате само ако не можете на разумен начин да ги добиете таквите информации.
  4. Плаќање
    1. Надоместоци. Се согласувате да ѝ плаќате на Meta според стандардните цени за Workplace (моментално достапни овде: https://www.workplace.com/pricing) за вашето користење на Workplace, во што спаѓа и бесплатен пробен период како што е опишано во Дел 4.ѓ (Бесплатна проба), освен ако не е поинаку договорено во потпишан писмен документ. Сите надоместоци согласно со овој Договор ќе се плаќаат во американски долари (УСД), освен ако не е поинаку утврдено во самиот производ, или ако не е поинаку договорено во потпишан писмен документ. Сите надоместоци ќе се исплаќаат во целост, во согласност со вашиот начин на плаќање од Дел 4.б. Секое задоцнето плаќање ќе подлежи на административен надомест за услуга еднаков на 1,5% месечно од должениот износ или максималниот износ дозволен со закон, во зависност од тоа кој е помал.
    2. Начин на плаќање. Кога стапувате во овој Договор, се согласувате да ги подмирувате надоместоците според една од двете категории на плаќање: (i) клиент со платежна картичка (без оглед дали плаќа директно или преку платформа за плаќање на трета страна) или (ii) клиент на кој му се издава фактура, утврдено според дискреционото право на Meta. Клиентите со платежни картички (единствено според дискреционото право на Meta) стануваат клиенти на кои им се издава фактура (и обратно) врз основа на фактори како што се бројот на Корисници и кредитоспособноста, но Meta го задржува правото во секое време да ве прекласифицира како клиент со платежна картичка или како клиент на кој му се издава фактура.
      1. Клиенти со платежни картички. За користењето на Workplace, на клиентите со платежни картички ќе им се наплаќа од нивната назначена платежна картичка.
      2. Клиенти на кои им се издава фактура. На клиентите на кои им се издава фактура ќе им биде понуден кредитен лимит од Meta и ќе им се издаваат фактури на месечна основа, освен ако не е поинаку договорено во потпишан писмен документ. Ако сте категоризирани како клиент на кој му се издава фактура, сите доспеани надоместоци ќе ги плаќате согласно со овој Договор, со целосно префрлање на средствата според насоките што ќе ви ги дадеме ние, во рок од 30 дена од датумот на фактурата.
      3. Се согласувате да ни доставите кредитен извештај за вашиот бизнис од кредитно биро при прифаќањето на овој Договор или во кое било време потоа.
    3. Даноци. Сите надоместоци исклучиво се искажани без пресметани важечки даноци, а од вас се бара да ги плаќате и да ги подмирите сите даноци и царини поврзани со продажба, употреба, GST, додадена вредност, персонален данок или слични давачки, без оглед дали станува збор за домашни или странски, коишто се поврзани со трансакциите согласно со овој Договор, освен даноците кои се засноваат на приходот на Meta. Ќе ги плаќате сите доспеани износи согласно со овој Договор, во целост и без никаков надомест, противбарање, намалување или даночно задржување. Во случај кога плаќање што го правите согласно со овој Договор подлежи на намалување или даночно задржување, вие сте одговорни да го направите плаќањето кон соодветните даночни власти и финансиски сте одговорни за каматата, казнената камата, казните или сличните обврски што произлегуваат од вашето ненавремено плаќање на таквите даноци кон соодветниот владин орган или агенција. Потврдувате и прифаќате дека пристапувате и го користите Workplace на адресата за наплата наведена во овој Договор или на друг начин доставена до нас во писмена форма и ако таквата адреса се наоѓа во САД, ќе ви ги наплатиме сите важечки даноци за промет/употреба врз основа на локацијата на вашата адреса за наплата. Ако даночните органи на САД потврдат дека Meta требало да ги наплати даноците од вас, а вие сте ѝ ги платиле таквите даноци директно на државата, се согласувате да ни обезбедите доказ дека таквите даноци се платени (на задоволство на овие даночни органи) во рок од триесет (30) дена од писменото барање на Meta за тоа. Се согласувате да не обесштетите за секое помало плаќање или неплаќање на каков било данок, казнена камата и камата.
    4. Суспензија. Без да има влијание врз нашите други права според овој Договор, ако не ги платите надоместоците на датумот на доспевање, тогаш може да ги суспендираме сите и дел од услугите на Workplace (вклучително и пристапот до платените услуги) сѐ додека не платите во целост.
    5. Бесплатен пристап на Workplace for Good. Без оглед на Дел 4.а, ако аплицирате за бесплатен пристап согласно со програмата Workplace for Good, и Meta утврди дека сте квалификувани во согласност со правилата на Meta (моментално упатување на https://work.workplace.com/help/work/142977843114744), ќе ви го обезбедиме Workspace бесплатно, според таквите правила, на краткорочна основа, во зависност од тоа како ќе се покажете. Ако поради промена во нашите правила, не сте повеќе квалификувани за бесплатен пристап, тогаш Meta ќе ве извести 3 месеци однапред за тоа, а по таквото известување, ќе се примени Дел 4.а.
    6. Бесплатна проба. Според сопствено дискреционо право, Meta може да ви понуди бесплатна проба на Workplace на ограничен временски период, чиешто траење го утврдува единствено Meta, за што ќе ве извести преку административниот панел на вашата Workplace инстанца. На крајот од ваквата бесплатна проба, ќе се примени Дел 4.а.
  5. Доверливост.
    1. Обврски. Секоја страна се согласува дека сите деловни, технички и финансиски информации што ќе ги добие (како „Страна примач“) од страна што ги објавува во врска со овој Договор („Страна објавувач“) претставуваат доверлива сопственост на страната објавувач („Доверливи информации“), под услов тие да се идентификувани како доверливи или лиценцирани во моментот на објавување или би требало да ѝ биде разумно познато на Страната примач дека тие се доверливи или лиценцирани поради природата на објавените информации и околностите на објавувањето. Освен ако не е изречно одобрено овде, Страната примач (1) ќе ги чува како доверливи и нема да ги објавува Доверливите информации на трети страни (2) и нема да ги користи Доверливите информации за никакви други цели освен за исполнување на нејзините обврски и реализирање на нејзините права согласно со овој Договор. Страната примач може да им ги објави Доверливите информации на своите вработени, агенти, изведувачи и други претставници коишто имаат легитимна потреба да ги знаат (вклучително, за Meta, оние за нејзините партнери и подизведувачи споменати во Дел 11.ѕ), под услов тие да се обврзани на доверливост со обврски коишто обезбедуваат не помала заштита на доверливите информации од оние на Страната објавувач, како што е предвидено во Дел 5 и дека Страната примач останува одговорна за постигнување усогласеност од страна на кое било лице со условите во Дел 5.
    2. Исклучоци. Обврските за доверливост на Страната примач нема да важат за информации што Страната примач може да документира дека (а) биле легитимно во нејзина сопственост или ѝ биле познати пред добивањето на доверливите информации; (б) тие се или им станале познати на јавноста не по грешка на Страната примач; (в) Страната примач легитимно ги добила од трета страна, без да прекрши ниту една обврска за доверливост; или (г) тие се независно развиени од страна на вработените на Страната примач, која нема пристап до таквите информации. Страната примач може да објави информации до степен што се бара со закон или судски налог, под услов (освен ако не е забрането со закон) Страната примач однапред да ја извести Страната објавувач и да соработува во сите напори што се вложуваат за да се постигне доверлив третман.
    3. Забрана. Страната примач потврдува дека употребата или објавувањето Доверливи информации спротивно на Дел 5 би можело да предизвика значителна штета, за којашто самото обесштетување не би претставувало доволен правен лек, па затоа, при закана или фактичка употреба или објавување од страна на Страната примач, Страната објавувач ќе има право да бара соодветна праведна утеха покрај другите правни лекови што ги има на располагање согласно со закон.
  6. Права на интелектуална сопственост:
    1. Сопствеништво на Meta. Ова претставува договор за пристап и користење на Workplace, со кој на клиентот не му се пренесуваат никакви права на сопственост. Meta и нејзините даватели на лиценци ги задржуваат сите права, сопственички права и интереси (вклучително и сите права на интелектуална сопственост) поврзани со Workplace, Збирни податоци и целокупната поврзана и основна технологија, и работи што произлегуваат од нив, модификации или подобрувања на горенаведените, создадени од или во име на Meta, вклучително и врз основа на вашето повратно мислење (дефинирано подолу). Вам не ви се даваат никакви права освен оние што се изречно наведени во овој Договор.
    2. Повратно мислење. Ако поднесете коментари, прашања, сугестии, случаи на употреба или друго повратно мислење во врска со вашето користење на Workplace или неговите API или за нашите други производи или услуги („Повратно мислење“), можеме слободно да го употребиме или искористиме таквото повратно мислење во врска со кои било наши производи или услуги или оние на нашите партнери, без обврска или надомест кон вас.
  7. Изјава за одрекување од одговорност
    ИЗРЕЧНО ОДРЕКУВА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ, А СИТЕ ГАРАНЦИИ И ИЗЈАВИ, ИЗРЕЧНИ, ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ ИЛИ ЗАКОНСКИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И СИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, СОПСТВЕНОСТ ИЛИ НЕПРЕКРШУВАЊЕ. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ДЕКА WORKPLACE ЌЕ ФУНКЦИОНИРА БЕЗ ПРЕКИНИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ. МОЖЕ ДА ИМ ДОЗВОЛИМЕ НА ТРЕТИ СТРАНИ ДА РАЗВИВААТ И ДА ОВОЗМОЖУВААТ УСЛУГИ И АПЛИКАЦИИ КОИШТО СЕ КОМПЛЕМЕНТАРНИ СО ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА WORKPLACE ИЛИ ПАК МОЖЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ WORKPLACE НА ДРУГ НАЧИН ДА СЕ ИНТЕГРИРА СО ДРУГИ УСЛУГИ И АПЛИКАЦИИ. META НЕ Е ОДГОВОРНА ЗА УСЛУГИ ИЛИ АПЛИКАЦИИ ШТО ИЗБИРАТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ ВО ВРСКА СО WORKPLACE. ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ТАКВИТЕ УСЛУГИ ИЛИ АПЛИКАЦИИ ПОДЛЕЖИ НА ПОСЕБНИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА И ВИЕ ПОТВРДУВАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ТАКВОТО КОРИСТЕЊЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК.
  8. Ограничување на одговорноста
    1. ОСВЕН ЗА ИСКЛУЧЕНИ БАРАЊА (ДЕФИНИРАНИ ПОДОЛУ):
      1. НИТУ ЕДНА СТРАНА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНА ЗА ГУБЕЊЕ НА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ, ЗА ИЗГУБЕНИ ИЛИ НЕТОЧНИ ПОДАТОЦИ, ПРЕКИН НА БИЗНИСОТ, ТРОШОЦИ ПОРАДИ ДОЦНЕЊЕ ИЛИ ДИРЕКТНИ ИЛИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ШТЕТИ ОД СЕКАКОВ ТИП (ВКЛУЧИТЕЛНО И ЗАГУБА НА ПРОФИТ), БЕЗ ОГЛЕД НА ФОРМАТА НА ДЕЈСТВОТО, ДАЛИ КАКО ДЕЛ ОД ОДРЕДЕН ДОГОВОР, НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИ (ВКЛУЧИТЕЛНО И НЕБРЕЖНОСТ), ИЗРЕЧНА ОДГОВОРНОСТ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН, ДУРИ И АКО Е ОДНАПРЕД ИНФОРМИРАНА ЗА МОЖНОСТА ЗА ТАКВИ ШТЕТИ. И
      2. ЦЕЛОКУПНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НИТУ ЕДНА СТРАНА КОН ДРУГАТА СТРАНА НЕМА ДА ГО НАДМИНЕ ИЗНОСОТ ШТО РЕАЛНО Е ПЛАТЕН ИЛИ ШТО ТРЕБА ДА ГО ПЛАТИ КЛИЕНТОТ КОН META ЗА ПРЕТХОДНИТЕ ДВАНАЕСЕТ (12) МЕСЕЦИ СПОРЕД ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ АКО НЕ СЕ ПЛАТЕНИ НАДОМЕСТОЦИ ИЛИ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТАТ ВО ТАКОВ ПЕРИОД, ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ДОЛАРИ (УСД 10.000).
    2. За целите на Дел 8, „Исклучени барања“ значи: (а) Одговорност на клиентот што произлегува од Дел 2 (Вашите податоци и Вашите обврски); и (б) прекршување од страната на нејзините обврски од Дел 5 (Доверливост), со исклучок на барањата во врска со Вашите податоци.
    3. Ограничувањата во Дел 8 ќе продолжат да важат и ќе се применуваат дури и тогаш кога ќе се утврди дека ограничениот правен лек наведен во овој Договор не успеал да ја исполни својата основна цел, и страните се согласни дека ниту една страна нема да ја ограничи или исклучи нивната одговорност за ништо што не може да се ограничи или исклучи со закон. Потврдувате и се согласувате дека обезбедувањето на Workplace од нашата страна е базирано на претпоставката дека нашата одговорност е ограничена како што е наведено во овој Договор.
  9. Времетраење и раскинување
    1. Времетраење. Овој Договор ќе започне на датумот на којшто за првпат сте пристапиле до вашата Workplace инстанца и ќе продолжи да важи додека не биде раскинат како што е дозволено овде („Времетраење“).
    2. Раскинување без причина. Без да е во спротивност со вашите права за раскинување според став 2.г од Додатокот за обработка на податоци, вие можете да го раскинете овој Договор во секое време, без никаква причина, триесет (30) дена по доставувањето на известување до Meta од страна на вашиот администратор, којшто е избран да ја избрише вашата Workplace инстанца во самиот производ. Meta исто така може да го раскине овој Договор во секое време, без никаква причина, триесет (30) дена по доставувањето на известување до вас.
    3. Раскинување и суспензија од страна на Meta. Meta го задржува правото да го раскине овој Договор со разумно известување до вас или веднаш да го суспендира вашиот пристап до Workplace ако го прекршите овој Договор или ако сметаме дека таквото дејство е неопходно за да спречиме нарушување на безбедноста, стабилноста, достапноста или интегритетот на Workplace.
    4. Бришење на вашите податоци. Meta навремено ќе ги избрише вашите податоци по раскинувањето на овој Договор, но вие сте свесни дека избришаната содржина може да опстојува во резервните копии разумен временски период додека се одвива самото бришење. Како што наведено во Дел 2, единствено вие сте одговорни за создавање резервни копии од вашите податоци, за ваши сопствени цели.
    5. Стапување во сила на раскинувањето. По раскинувањето на овој Договор: (а) вие и вашите корисници мораат веднаш да прекинат со користењето на Workplace; (б) на барање на Страната објавувач, а предмет на 9.г, Страната примач навремено ќе ги врати или ќе избрише сите доверливи информации што ги поседува за Страната објавувач; (в) вие навремено ќе ѝ ги платите на Meta сите неплатени надоместоци што настанале пред раскинувањето; (г) ако Meta го раскинува овој Договор без причини, во согласност со Дел 9.б, Meta пропорционални ќе ви ги врати сите однапред платени надоместоци (ако е применливо); и (д) ќе продолжат да важат следните Делови: 1.в (Ограничувања), 2 (Употреба на Вашите податоци и Вашите обврски) (различно од лиценцата на Meta за Вашите податоци во Дел 2.а), 3.б (Законски објавувања и Барања на трети страни), 4 (Плаќање) па сѐ до 12 (Дефиниции). Освен ако не е конкретно наведено во овој Договор, реализацијата на каков било правен лек на секоја страна, вклучително и раскинување, не ги намалува значењата на другите правни лекови што може да ги има согласно со овој Договор, со закон или на друг начин.
  10. Други сметки на Facebook
    1. Лични сметки. Заради избегнување сомнеж, корисничките сметки се различни од личните сметки на Facebook што корисниците можат да ги создадат на услугата на Facebook за потрошувачи („Лични FB сметки“). Личните FB сметки не се предмет на овој Договор, туку се повеќе предмет на условите на Meta за тие услуги, секој од нив склучен меѓу Meta и релевантниот корисник.
    2. Workplace и реклами. На Workplace, нема да им и прикажуваме на вашите корисници реклами на трети страни и нема да ги користиме вашите податоци за да обезбедуваме или да таргетираме реклами до вашите корисници или да го персонализираме искуството на вашите корисници на нивните лични сметки на FB. Меѓутоа, Meta може да прави најави во самиот производ или да ги информира систем администраторите за функции, интеграции или функционалности што се поврзани со Workplace.
  11. Општо
    1. Промени. Meta може да ги промени условите на овој Договор и правилата наведени или вклучени во овој Договор во секое време, вклучително и во Додатокот за обработка на податоци и Додатокот за пренос на податоци (за да биде усогласена со законската регулатива за заштита на податоци), Додатокот за безбедност на податоци и Правилата за прифатлива употреба, преку доставување известување до вас преку е-пошта, преку услугата или преку друг разумен начин („Промена“). Со продолжување на користењето на Workplace четиринаесет (14) дена по нашето известување, вие се согласувате со таквата промена.
    2. Доминантно право. Овој Договор и користењето на Workplace од вашата страна и од вашите корисници, како и секое барање што може да произлезе меѓу вас и нас, се уредени со и мора да бидат толкувани во согласност со законите на Соединетите Американски Држави и Државата Калифорнија, во зависност од тоа што е применливо, без да се применат нивните принципи за конфликт на закони. Секое барање или причина за преземање дејство што произлегува од или е поврзано со овој Договор или со Workplace, мора да започне исклучиво во Регионалниот суд за Северниот регион на Калифорнија или државен суд во Округот Сан Матео, и со ова, секоја страна се согласува на личната јурисдикција на овие судови.
    3. Целокупен Договор. Овој Договор (во кој спаѓаат Правилата за прифатлива употреба) е целокупниот договор меѓу страните во врска со вашиот пристап и користење на Workplace и ги заменува сите претходни изјави и договори во врска со Workplace. Насловите се дадени само заради полесна употреба, а термините како што е „вклучително“ треба да се толкуваат без ограничување. Овој Договор е подготвен на англиски јазик (САД), кој ќе претставува контролна верзија во случај на противречности во која било преведена верзија.
    4. Одрекување и заедничка одговорност. Неспроведувањето на некоја одредба нема да се смета за откажување; откажувањата мора да бидат во писмена форма и потпишани од страната којашто тврди дека се откажала. Ниту еден од роковите или условите во налози на клиент или бизнис обрасци нема да го изменат овој Договор и со ова изречно се одбиваат, а секој таков документ ќе се користи само за административни цели. Ако за некоја одредба од овој Договор, надлежен суд донесе одлука дека не е спроводлива, неважечка или на друг начин спротивна на законот, таквата одредба ќе се толкува на начин за најдобро што може да ги постигне планираните цели, додека пак преостанатите одредби од овој Договор ќе останат во целосна сила и дејство.
    5. Публицитет. Секое соопштение за медиумите или маркетинг кампања за односите меѓу страните налага претходно писмено одобрение од двете страни. Без оглед на горенаведеното: (а) во рамките на вашата сопствена компанија, вие може да го објавувате или да го промовирате користењето на Workplace за времетраењето на договорот (на пр. да поттикнувате усвојување од страна на корисниците), што подлежи на насоките за употреба на брендот на Meta што ги обезбедува одвреме навреме и (в) Meta може да даде упатување до вашето име и статус како клиент на Workplace.
    6. Пренесување. Ниту една страна не смее да го пренесе овој Договор ниту неговите права и обврски согласно истиот без претходна писмена согласност од другата страна, со исклучок на Meta, којашто може да го пренесе овој Договор без согласност на некој од нејзините партнери или во врска со спојување, реорганизација, купување или друг трансфер на сите или на значителен дел од сите нејзини средства или хартии од вредност со право на глас. Овој Договор, предмет на горенаведеното, ќе биде обврзувачки и ќе стапи во сила во корист на дозволените наследници на секоја страна и назначени лица. Недозволените пренесувања се ништовни и нема да создадат никакви обврски за Meta.
    7. Независен изведувач. Страните се независни изведувачи. Ниту една агенција, партнерство, заеднички потфат или вработување не се создадени како резултат на овој Договор и ниту една страна нема овластување да ја обврзе другата.
    8. Нема корисници трети страни. Од овој Договор, придобивки имаат Meta и клиентот и не постојат други планирани корисници кои се трети страни, вклучително ниту корисници.
    9. Известувања. Кога го раскинувате овој Договор согласно со Дел 9.б, за тоа мора да ја известите Meta преку вашиот систем администратор избирајќи да ја избрише вашата Workplace инстанца во рамките на производот. Секое друго известување согласно со овој Договор мора да биде подготвено во писмена форма и да се испрати до Meta на следната адреса (како што е применливо): во случај на Meta Platforms Ireland Ltd., до 4 Grand Canal Square, Dublin 2, Ireland, Attn: Legal, а во случај на Meta Platforms Inc., до 1 Hacker Way, Menlo Park, CA 94025, USA, Attn: Legal. Meta може да ги испраќа известувањата на адресите за е-пошта на профилот на корисникот. Meta исто така обезбедува оперативни известувања за Workplace или други деловни известувања преку пораки до корисниците на Workplace или забележливи објави на Workplace.
    10. Подизведувачи. Meta може да користи подизведувачи и да им дозволи да ги реализираат правата на Meta што произлегуваат од овој Договор, но Meta останува одговорна за усогласеноста на ваквите подизведувачи со овој Договор.
    11. Виша сила. Ниту една страна нема да биде одговорна кон другата за доцнење или неизвршување на обврските согласно со овој Договор (освен за неплаќање на надоместоците) ако доцнењето или неизвршувањето на обврските е резултат на непредвидени настани што се случиле по потпишувањето на овој Договор и кои се надвор од разумна контрола на таа страна, како на пример, штрајк, блокада, војна, терористички акт, бунт, природна катастрофа, прекин или намалување на снабдувањето со струја или телекомуникации или податочни мрежи или услуги или одбивање лиценца или овластување од страна на владина агенција или субјект.
    12. Веб-страници на трети страни. Workplace може да содржи линкови до веб-страници на трети страни. Тоа не подразбира наше одобрување на која било веб-страница и не сме одговорни за дејствата, содржината, информациите или податоците на веб-страниците на трети страни или дејства или линкови содржани во нив, или за промените или ажурирањата на истите. Веб-страници на трети страни може да понудат нивни сопствени услови и правила за употреба и правила за приватност што се однесуваат на вас и вашите корисници и вашето користење на веб-страници на трети страни не е уредено со овој Договор.
    13. Контрола на извоз и трговски санкции. За време на користењето на Workplace, клиентот се согласува да постапува во согласност со сите закони и прописи за извоз и увоз на Соединетите Американски Држави и на други важечки јурисдикции, како и со важечките санкции или трговски ограничувања. Без ограничување на горенаведеното, Клиентот изјавува и гарантира дека: (а) не е наведен на кој било список на владата на САД за забранети или ограничени страни; (б) не е предмет на санкции на ОН, САД, ЕУ или на други важечки економски санкции или трговски ограничувања; и (в) нема операции или корисници во земја која е предмет на сеопфатни трговски санкции на САД.
    14. Услови за употреба од владин субјект. Ако сте владин субјект, изјавувате дека: (i) ниту еден важечки закон, правило или начело не ве ограничува да договорите и да извршувате, или да прифатите извршување на кое било правило или услов од овој Договор, (ii) ниту еден важечки закон, правило или начело не ги прави правилата или условите на овој Договор неспроводливи за вас или за кој било друг применлив владин субјект, (iii) вие сте овластени и имате законски капацитет согласно со важечките закони, правила и начела да го претставувате и да го обврзете владиниот субјект со овој Договор, и (iv) стапувате во овој Договор врз основа на непристрасна одлука во однос на вредноста на Workplace за вас и вашите корисници дека никакво несоодветно однесување или конфликт на интереси не влијаело врз вашата одлука за стапување во овој Договор. Не стапувајте во овој Договор ако не можете да ги дадете изјавите од Дел 11.л. Ако владин субјект стапи во овој Договор спротивно на Дел 11,л, Meta може да одлучи да го раскине овој Договор.
    15. Препродавачи. Можете да изберете да пристапите и да го користите Workplace преку препродавач. Во случај на пристапување и користење на Workplace преку Препродавач, единствено вие сте одговорни за: (i) сите сродни права и обврските во вашиот важечки договор со препродавачот, и (ii) како меѓу вас и Metа, за секој пристап од страна на препродавачот до вашата Workplace инстанца, вашите податоци и кориснички профили што може да креирате за вашиот препродавач. Покрај тоа, во случај на ваш пристап и користење на Workplace преку препродавач, вие се согласувате дека Условите за клиенти на препродавачот ќе имаат предност во однос на спротивните услови во овој Договор.
  12. Дефиниции
    Во овој Договор, освен ако не е поинаку наведено:
    Прифатлива политика за користење“ значи правила за користење на Workplace што се наоѓаат наwww.workplace.com/legal/FB_Work_AUP, како што можат да бидат изменети одвреме навреме.
    Партнер значи субјект којшто е директно или индиректно поседува или контролира, е поседуван или контролиран од или е во заедничка сопственост или контрола на страна, каде што „контрола“ значи овластување да се насочува управувањето или работите на субјектот, а „сопственост“ значи корисна сопственост од 50% (или, ако важечката јурисдикција не дозволува мнозинска сопственост, максималниот износ дозволен според таквиот закон) или повеќе од сопственичките хартии од вредност со право на глас или други еквивалентни гласачки интереси на субјектот. За целите на оваа дефиниција, владин субјект не е партнер на друг владин субјект, освен ако не е под целосна контрола на другиот владин субјект.
    Додаток за обработка на податоци“ значи додаток за обработка на податоци кој е приложен кон овој Договор и е негов составен дел, вклучувајќи ги условите спомнати во него.
    Додаток за безбедност на податоци“ значи додаток за безбедност на податоци кој е приложен кон овој Договор и е негов составен дел.
    Владин субјект“ значи која било земја или јурисдикција во светот, вклучително и која било држава, локална, општинска, регионална или друга единица или политички дел на влада, владина организација, инструмент, претпријатие или друг субјект основан, во сопственост или контролиран од таква влада и кој било претставник или агент на горенаведените.
    Закони“ значи сите важечки локални, државни, федерални и меѓународни закони, регулативи и конвенции, вклучително и оние коишто се однесуваат на приватност на податоци и пренос на податоци, меѓународни комуникации, извоз на технички или лични податоци, и јавни набавки.
    Препродавач“ значи трета страна партнер која има валиден договор со Meta којшто ги овластува да го препродаваат и помагаат пристапот до Workplace.
    Услови за клиенти на препродавачот“ се условите што се наоѓаат на https://www.workplace.com/legal/FB_Work_ResellerCustomerTerms, коишто се ажурираат одвреме навреме и коишто се составен дел на овој Договор, а претставуваат дополнителни услови меѓу страните коишто се однесуваат на вас, ако пристапувате и го користите Workplace преку препродавач.
    Корисници“ се кои било ваши вработени или вработени на вашите партнери, договорни страни или други лица на коишто им дозволувате пристап до Workplace.
    Workplace“ значи Workplace услуга што ви ја ставаме на располагање вам согласно со овој Договор, и сите последователни верзии од него, вклучително и сите веб-станици, апликации, онлајн услуги, алатки и содржина што може да ја обезбедуваме според овој Договор, којшто може да се менува одвреме навреме.
    Ваши податоци“ се (а) сите податоци за контакт или податоци за регистрација на мрежа или сметка што вие или вашите корисници ги доставувате до Workplace; (б) сите содржини или податоци што вие или вашите корисници ги публикувате, објавувате, споделувате, увезувате или обезбедувате на Workplace; (в) информации што ги собираме кога вие или вашите корисници контактираат или нѐ ангажираат нас за поддршка во врска со Workplace, вклучително и информации за хардвер, софтвер и други собрани податоци поврзани со поддршка при инцидент; и (г) секоја информација поврзана со употреба или функционална информација (на пр. ИТ адреси, типови на прелистувачи и оперативни системи, и идентификатори на уред) за интеракцијата на корисниците на Workplace.
    Ваши правила“ се сите ваши важечки правила кои се однесуваат на вашите вработени, системи, приватност, ЧР, усогласеност и други правила.







Додаток за обработка на податоци

  1. Дефиниции
    Во рамките на овој Додаток за обработка на податоци, „GDPR“ значи Општа регулатива за заштита на личните податоци (Регулатива (ЕУ) 2016/679), и „Контролор“, „Субјект кој врши обработка на податоци“, „Субјект на податоци“, „Лични податоци“, „Прекршување на податоци“ и „Обработка“ ги имаат истите значења како што се дефинирани во GDPR. „Обработени“ и „Обработка“ се толкуваат во согласност со дефиницијата за „Обработка“. Упатувањата до GDPR и нејзините одредби ја вклучуваат GDPR како што е изменета и вградена во законодавството на Обединетото Кралство. Сите други термини дефинирани овде го имаат истото значење како што се дефинирани на друго место во овој Договор.
  2. Обработка на податоци
    1. При спроведување на своите активности како субјект кој обработува податоци согласно со овој Договор, а во врска со кои било лични податоци од вашите податоци („Ваши лични податоци“) Meta потврдува дека:
      1. времетраењето, предметот, природата и целта на обработката ќе бидат како што е утврдено во Договорот;
      2. типови на обработка на лични податоци ги вклучуваат оние што се утврдени во дефиницијата за вашите податоци;
      3. категориите на субјекти на податоци ги вклучуваат вашите претставници, корисници и сите други индивидуални лица идентификувани или што можат да се идентификуваат преку вашите лични податоци; и
      4. вашите обврски и права како контролор на податоци во врска со вашите лични податоци ќе бидат како што се наведени во овој Договор.
    2. До степен до кој што Meta ги обработува вашите лични податоци согласно со или во врска со овој Договор, Meta:
      1. ќе ги обработува вашите лични податоци во согласност со вашите упатства наведени во овој Договор, вклучително и во однос на преносот на вашите лични податоци, кои е предмет на исклучоци дозволени со Член 28(3)(а) од GDPR;
      2. ќе се погрижи сите нејзини вработени кои се овластени да ги обработуваат вашите лични податоци согласно со овој Договор да бидат обврзани на доверливост или да бидат обврзани согласно соодветен правен акт на доверливост во врска со вашите лични податоци;
      3. ќе ги спроведува техничките и организациските мерки наведени во Додатокот за безбедност на податоците;
      4. ќе ги почитува условите споменати подолу во Дел 2.в и 2.г од Додатокот за обработка на податоци при назначување на под-субјекти за обработка на податоци;
      5. ќе ви помага со соодветни технички и организациски мерки, колку што е тоа можно преку Workplace, за да ви овозможи да ги исполните вашите обврски за да одговори на барањата за спроведување на Правата на приватност од страна на субјектите на податоци согласно Поглавјето III од GDPR.
      6. ќе ви помага да постигнете усогласеност со вашите обврски што произлегуваат од Членовите 32 и 36 од GDPR, имајќи ги предвид природата на обработката и информациите што ѝ се достапни на Meta;
      7. при раскинување на Договорот, ќе ги избрише личните податоци согласно со Договорот, освен ако законодавството на Европската Унија или на земја членка не налага задржување на личните податоци;
      8. ќе ви ги направи достапни информациите опишани во овој Договор и преку Workplace за да ја исполни обврската на Meta за обезбедување достапност до сите информации што се неопходни за да се демонстрира усогласеност со обврските на Meta во согласност со Член 28 од GDPR; и
      9. на годишно ниво, ќе набави ревизија спроведена од ревизор трета страна по избор на Meta за спроведување ревизија SOC 2 Тип II или друга ревизија според стандард на индустријата за контролите на Meta во врска со Workplace, при што таквиот ревизор трета страна ќе има мандат од вас. На барање, Meta ќе ви обезбеди копија од нејзиниот тековен ревизорски извештај и тој извештај ќе се смета за доверлива информација на Meta.
    3. Вие ја овластувате Meta да склучи поддоговор за нејзините обврски за Обработка на податоци согласно со овој Договор со Партнерите на Meta и со други трети страни, а списокот за тоа ќе ви го обезбеди Meta на ваше писмено барање. Meta ќе го направи тоа само преку писмен договор со таквиот подсубјект за обработка на податоци, којшто му ги наметнува истите обврски за заштита на податоците на подсубјектот за обработка на податоци, како што ги има и Meta согласно со овој Договор. Во случај на неисполнување на таквите обврски од страна на подсубјектот за обработка на податоци, Meta останува целосно одговорна пред вас за извршување на обврските за заштита на податоците од страна на подсубјектот за заштита на податоци.
    4. Во случај кога Meta ангажира дополнителен или замена на подсубјект за обработка на податоци, таа ќе ве информира за ваквиот дополнителен или заменски под-субјект за обработка на податоци не подоцна од четиринаесет (14) дена пред назначувањето на таквиот дополнителен или заменски под-субјект за обработка на податоци. Вие може да се спротивставите на ангажирањето на таквиот дополнителен или заменски подсубјект за обработка на податоци во рок од четиринаесет (14) дена од добивањето на информацијата од Meta, со моментално раскинување на договорот со писмено известување до Meta.
    5. Meta неодложно ќе ве извести откако ќе се стане свесна за прекршување на личните податоци кое е поврзано со вашите лични податоци. Таквото известување, во моментот на известување или веднаш по известувањето, ќе ги содржи релевантните детали за прекршување на личните податоци кога е возможно, вклучително и бројот на вашите засегнати досиеја, категоријата и приближниот број на засегнати корисници, очекувани последици од прекршувањето и фактички или предложени правни лекови, кога е тоа соодветно, за ублажување на можните несакани ефекти од прекршувањето.
    6. До степен до којшто GDPR или законите за заштита на податоците во ЕЕО, Обединетото Кралство или Швајцарија се однесуваат на обработката на вашите податоци согласно со овој Додаток за обработка на податоци, Европскиот додаток за пренос на податоци се применува на преноси на податоци од Meta Platforms Ireland Ltd и е составен дел и вграден со упатување во овој Додаток за обработка на податоци.
  3. Услови на обработувачот за САД
    1. До степенот до којшто важат Условите на обработувачот за САД на Meta, тие ќе бидат дел од и ќе бидат инкорпорирани со референца во овој Договор, освен Делот 3 (Обврски на компанијата) којшто е изречно исклучен.









Додаток за безбедност на податоци

  1. Заднина и цел
    Во овој документ се опишани минимални барања за безбедност што се однесуваат на обезбедувањето на услугата Workplace до вас од страна на Meta.
  2. Систем за управување со безбедност на информации
    Meta има воспоставено и ќе го одржува Системот за управување со безбедност на информации (ISMS) дизајниран за спроведување на практики според стандарди на индустријата за безбедност на информации, кои се донесуваат на обезбедувањето на услугата Workplace. ISMS на Meta е дизајниран да обезбеди заштита од неовластен пристап, објавување, употреба, губење или менување на вашите податоци.
  3. Процес за управување со ризици
    Безбедноста на информациите и капацитетите за обработка на информации вклучително и ИТ инфраструктурата и физичките капацитети ќе се базираат на проценката на ризици. Проценката на ризици на Workplace се прави на редовна основа.
  4. Организација на информациската безбедност
    Meta има назначен Службеник за безбедност со глобална одговорност за безбедноста во организацијата. Meta има назначено персонал одговорен за надзор на безбедноста на вашата Workplace инстанца.
  5. Физичка безбедност и безбедност на околината
    Безбедносните мерки на Meta вклучуваат контроли дизајнирани да обезбедат разумна сигурност дека пристапот до физичките капацитети за обработка на податоците е ограничен на овластени лица и дека контролите во околината е воспоставени за да откриваат, спречуваат и контролираат уништување како резултат на опасност од околината. Во контролите спаѓаат:
    Во контролите спаѓаат:
    • Најавување и ревизија на сите физички пристапи до капацитетот за обработка на податоци од страна на вработени и изведувачи;
    • Системи на безбедносни камери на критични влезни точки во капацитетот за обработка на податоци;
    • Системи за следење и контрола на температурата и влажноста на компјутерската опрема; и
    • Снабдување со струја и резервни генератори
    Meta спроведува процедури според индустриските стандарди за безбедно бришење и расходување на податоците не електронски медиуми, што подлежат на овој Договор.
  6. Сегрегација
    Meta ќе воспостави технички механизми дизајнирани за да обезбедат вашите податоци да бидат логички сегрегирани од податоците на другите клиенти и вашите податоци да им бидат достапни само на овластени корисници.
  7. Персонал
    1. Обука
      Meta обезбедува обука за безбедност за сите вработени коишто имаат пристап до вашите податоци.
    2. Скрининг и заднински проверки
      Meta:
      • Има процес за верификација на идентитетот на персоналот којшто работи со вашата инстанца на Workplace.
      • Има процес за спроведување заднински проверки на персоналот којшто работи со вашата инстанца на Workplace, во согласност со стандардите на Meta.
      Meta обезбедува лични карти за идентификација со слика и име за целокупниот персонал којшто работи со вашата инстанца на Workplace. Личните карти за идентификација се бараат при влез во сите капацитети на Meta.
    3. Прекршување на безбедноста од страна на персоналот
      Meta ќе воведе санкции за неовластен или недозволен пристап до вашите податоци од страна на персоналот на Meta, вклучително и казни, кои може да вклучат и раскинување на договорот за работа.
  8. Безбедносно тестирање
    Meta спроведува редовни тестирања на безбедноста и ранливоста за да процени дали клучните контроли се спроведени правилно и дали се делотворни.
  9. Контрола на пристап
    1. Управување со лозинки на корисници
      Meta има воспоставено процес на управување со лозинки на корисници, дизајниран да обезбеди лозинките да бидат лични и недостапни за неовластени лица, што најмалку го вклучува и следново:
      • Давање лозинки, вклучително и верификација на идентитетот на корисникот пред нова, заменска или привремена лозинка.
      • Кодирање на сите лозинки кога се складирани во компјутерски системи или за време на пренос преку мрежата.
      • Менување на сите стандардни лозинки од продавачите.
      • Силни лозинки во однос на нивната предвидена употреба.
      • Свесност на корисниците.
    2. Управување со пристапот на корисниците
      Meta ќе спроведе процес за менување и/или повлекување на правата за пристап и ИД на корисници без никакво одложување. Meta има процедури за пријавување и повлекување на компромитираните податоци за пристап (лозинки, токени итн.) 24/7. Meta води соодветни безбедносни дневници кои содржат ИД на корисник и време на настан. Часовникот е синхронизиран со NTP.
      Во дневникот се запишуваат најмалку следниве настани:
      • Промени на авторизација;
      • Неуспешна и успешна автентикација и обиди за пристап; и
      • Операции на читање и пишување.
  10. Безбедност на комуникација
    1. Мрежна безбедност
      Meta применува технологија којашто е конзистентна со стандардите во индустријата за мрежна сегрегација.
      Далечински пристап до мрежа бара кодирана комуникација преку употреба на безбедносни протоколи и автентикација со повеќе фактори.
    2. Заштита на податоци при пренос
      Meta ќе спроведе соодветни протоколи дизајнирани за заштита на доверливоста на податоците при транзит низ јавни мрежи.
  11. Оперативна безбедност
    Meta ќе воспостави и ќе води програма за управување со ранливоста на Workplace, која содржи дефинирање на улогите и одговорностите, посебна сопственост на мониторингот за ранливост, проценка на ризици за ранливост и примена на закрпи.
  12. Управување со безбедносни инциденти
    Meta ќе воспостави и ќе води план за реакција при безбедносен инцидент за мониторинг, откривање и справување со можни безбедносни инциденти коишто влијаат врз вашата инстанца на Workplace. Планот за реакција при безбедносен инцидент според својот минимум содржи дефинирање на улогите и одговорностите, комуникација и проверка на состојбата по инцидентот, вклучително и анализа на основните причини и планови за корекција.
    Meta ќе врши мониторинг на Workplace заради можни прекршувања на безбедноста и злонамерни активности. Процесот на мониторинг и техниките за откривање се дизајнирани со цел да овозможат откривање безбедносни инциденти коишто имаат влијание врз вашата инстанца на Workplace, во согласност со релевантните закани и тековно разузнавање за закани.
  13. Деловен континуитет
    Meta води план за деловен континуитет за да може да реагира при итни случаи или други критични ситуации коишто би можеле да ја оштетат вашата инстанца на Workplace. Meta формално го ревидира својот план за деловен континуитет најмалку еднаш годишно.
Последно ажурирање: 27 март 2023 г.