Политика за колачиња на Workplace
Оваа Политика за колачиња на Workplace („Политика за колачиња“) ги објаснува начините на коишто ги користиме колачињата и треба да се чита заедно со Политиката за приватност на Workplace којашто ќе се применува на нашата обработка на личните податоци што ги собираме преку колачињата. Оваа Политика за колачиња не се применува кога ја посетувате нашата веб-страница за јавен маркетинг и информативната веб-страница workplace.com („Веб-страница“ на Workplace“).
Колачиња и други технологии за складирање
Колачињата се мали парчиња текст коишто се користат за складирање податоци на веб-прелистувачите. Колачињата се користат за да се складираат и примаат идентификатори и други информации на компјутери, телефони и други уреди. Други технологии, вклучително и податоци што ги складираме на вашиот веб-прелистувач или уред, идентификатори поврзани со вашиот уред и друг софтвер се користат за слични цели. Во оваа политика, сите овие технологии ги нарекуваме „колачиња“.
Зошто користиме колачиња?
Може да ги поставиме колачињата на вашиот компјутер или уред и да добиваме информации складирани во колачињата, кога користите онлајн производ на Workplacе што го обезбедуваме за нашите клиенти (организацијата за којашто работите или којашто ја обезбедува вашата сметка) што им овозможува на корисниците да соработуваат или да споделуваат информации на работа, вклучително и производ на Workplace, апликации и сродни онлајн услуги (заедно наречени „Услуги на Workplace“).
Колку долго траат колачињата?
Сите колачиња имаат рок на траење со кој се утврдува колку долго може да останат во вашиот прелистувач или во вашиот уред и истите може да се поделат на две групи:
- Колачиња за сесија - овие се привремени колачиња чијшто рок изминува (и автоматски се бришат) секогаш кога ќе го затворите вашиот прелистувач.
- Трајни колачиња - овие обично имаат подолг рок на траење, па во вашиот прелистувач може да останат додека не им измине рокот или додека не ги избришете рачно.
Зошто користиме колачиња?
Колачињата ни помагаат да ги обезбедиме, заштитиме и подобриме Производите на Workplace, на пример, со персонализирање на содржината и овозможување побезбедно доживување.
Особено ги користиме за следните цели:
Тип на колаче | Намена |
---|---|
Проверка на идентитет | Користиме колачиња за да ја потврдиме вашата сметка и за да одредиме кога се најавувате за да ви го олесниме пристапот до Услугите на Workplace и за да ви го покажеме соодветното искуство и функции. На пример: Колачињата ги користиме за да ни помогнат вашиот прелистувач да нѐ запомни, за да не мора постојано да се најавувате на Услугите на Workplace |
Безбедност, интегритет на локација и производ | Користиме колачиња за да ни помогнат да ги одржуваме вашата сметка, податоци и Услуги на Workplace безбедни и сигурни. На пример: Колачињата ни помагаат да идентификуваме и наметнеме дополнителни мерки на безбедност кога некој можеби се обидува да пристапи до сметка на Workplace без овластување, на пример со брзо погодување на различни лозинки. Исто така, користиме колачиња што ни овозможуваат да ја вратиме вашата сметка во случај да ја заборавите вашата лозинка или да барате дополнителна проверка на идентитетот ако ни кажете дека вашата сметка е хакирана. Исто така користиме колачиња за да се бориме против активност што ги прекршува нашите политики или на друг начин ја деградира нашата способност да ги обезбедиме Услугите на Workplace.. |
Функции и услуги | Користиме колачиња за да ја овозможиме функционалноста што ни помага да ги обезбедуваме Услугите на Workplace. На пример: Колачињата ни помагаат да ги зачуваме преференциите, да дознаеме кога сте виделе или сте имале интеракција со содржина на Workplace, и да ви обезбедиме содржина и искуства според вашите желби. Исто така користиме колачиња за да ни помогнат да ви обезбедиме содржина значајна за вас локално. На пример: Складираме податоци во колаче што е поставено на вашиот прелистувач или уред за да ја видите услугата локацијата на претпочитаниот јазик. |
Изведба | Користиме колачиња за да ви обезбедиме најдобро можно искуство. На пример: Колачињата ни помагаат да го насочиме сообраќајот помеѓу серверите и да дознаеме колку брзо Услугите на Workplace се вчитуваат за различни лица. Колачињата, исто така, ни помагаат да го снимаме односот и димензиите на вашиот екран и прозорците и да дознаеме дали сте го овозможиле режимот со висок контраст, за да можеме правилно да ги прикажуваме нашите страници и апликации. |
Аналитика и истражување | Користиме колачиња за подобро да разбереме како луѓето ги користат Услугите на Workplace за да можеме да ги подобриме. На пример: Колачињата ни помагаат да разбереме како луѓето ги користат Услугите на Workpalce, да анализираме кои делови од Услугите на Workpalce луѓето ги сметаат за најкорисни и најпривлечни, и да идентификуваме функции што може да се подобрат. |
Кои колачиња ги користиме?
Колачињата што ги користиме вклучуваат колачиња за сесија, што се бришат кога ќе го затворите прелистувачот, и постојани колачиња, кои остануваат во вашиот прелистувач додека не им измине рокот или додека не ги избришете.
Во Услугите на Workplace поставуваме само колачињата од прва страна. Колачиња од трети страни не се поставени во Услугите на Workplace.
Како може да ја контролирате нашата употреба на колачиња
Вашиот прелистувач или уред може да понуди поставки што ви дозволуваат да изберете дали да се постават колачиња на прелистувачот и да се избришат. За повеќе информации за овие контроли, разгледајте го материјалот за помош за вашиот прелистувач или уред. Одредени делови од Услугите на Workplace може да не работат правилно ако сте го оневозможиле користењето на колачиња во прелистувачот.
Датум на последна ревизија: 10 јуни 2022 год.