Политика за приватност на Workplace
Workplace from Meta е онлајн платформа создадена од Meta што им овозможува на корисниците да соработуваат и да споделуваат информации на работа. Платформата Workplace ги вклучува веб-локациите, апликациите и поврзаните онлајн услуги на Workplace, заедно наречени „Услуга“.
Политиката за приватност опишува како се прибираат, користат и споделуваат вашите податоци кога ја користите Услугата.
Услугата е наменета за користење од страна на организации и согласно со нивните упатства и ви ја обезбедува вашиот работодавaч или друга организација којашто го овластила вашиот пристап до и користењето на Услугата (вашата „Организација“).
Услугата е засебна од другите услуги на Meta што можеби ги користите. Другите услуги на Meta ви ги обезбедува Meta и се уредени со нивните услови. Но, Услугата ви ја обезбедува вашата Организација и е уредена со оваа Политика за приватност и Политиката за прифатлива употреба на Workplace и Политиката за колачиња на Workplace.
Вашата Организација е одговорна за и ја администрира вашата сметка на Workplace („Вашата сметка“). Вашата Организација е одговорна и за прибирање и користење на податоците што ќе ги испратите или ќе ги обезбедите преку Услугата и таквото користење е уредено со условите договорени помеѓу вашата Организација и Meta.
Покрај оваа Политика за приватност, вашата Организација може да има и дополнителни политики или кодекси на однесување коишто важат во однос на вашето користење на Услугата.
Ако имате прашања за вашето користење на Услугата, контактирајте со вашата Организација.
I. Какви типови податоци се прибираат?
Вашата Организација ќе ги прибира следниве типови податоци кога вие, вашите колеги или другите корисници пристапуваат до Услугата:
- вашите податоци за контакт, како името и презимето и адресата на е-пошта;
- вашите корисничко име и лозинка;
- вашето звање, податоци за одделот и други податоци во врска со вашата работа или со Организацијата;
- содржините, комуникациите и другите податоци што ги обезбедувате кога ја користите Услугата, вклучувајќи и кога се регистрирате за сметка, создавате или споделувате содржини и кога испраќате пораки или комуницирате со другите. Ова може да опфаќа податоци во или за содржините што ги обезбедувате (како метаподатоци), како што се локацијата на фотографија или датумот кога е создадена некоја датотека;
- содржините, комуникациите и податоците што другите луѓе ги обезбедуваат кога ја користат Услугата. Ова може да вклучува податоци за вас, како на пример, кога споделуваат или коментираат на фотографија од вас, ви испраќаат порака или поставуваат, синхронизираат или увезуваат ваши податоци за контакт;
- сите комуникации со другите корисници на Услугата;
- комуникациите, повратните мислења, предлозите и идеите од корисниците испратени до вашата Организација;
- податоците за наплата; и
- податоците што ги обезбедувате кога вие или вашата Организација контактирате или добивате поддршка за платформата во однос на Услугата.
II. Како вашата Организација ги користи овие податоци?
Вашата Организација ќе ги споделува податоците што ги прибира со Meta, како оператор на платформата, за да овозможи Meta да ја обезбеди и да нуди поддршка за Услугата за вашата Организација и другите корисници и согласно со сите други упатства од вашата Организација. Примерите за такво користење вклучуваат:
- комуникација со корисниците и администраторите во однос на нивното користење на Услугата;
- подобрување на сигурноста и безбедноста на Услугата за вашата Организација и другите корисници, како на пример, за истражување сомнителни активности или прекршувања на важечките услови или политики;
- персонализирање на вашите доживувања и доживувањата на вашата Организација како дел од нашето обезбедување на Услугата;
- развивање нови алатки, производи или услуги во Услугата за вашата Организација;
- поврзување на активностите на Услугата на различни уреди со коишто управува истиот поединец за подобрување на целокупното функционирање на Услугата;
- за идентификување и поправање грешки што може да ги има; и
- спроведување аналитика на податоци и системи, вклучувајќи истражување за подобрување на Услугата.
III. Откривање податоци
Вашата Организација ги открива прибраните податоци на следниве начини:
- на оператори на услуги од трета страна коишто помагаат при обезбедувањето на Услугата или дел од Услугата;
- на апликации, веб-локации или други услуги од трета страна со коишто може да се поврзете преку Услугата;
- во врска со реална корпоративна трансакција, како преносот на Услугата, спојување, консолидација, продажба на средства или во случај на банкрот или стечај;
- за заштита на безбедноста на кое било лице; за справување со измама, безбедносни или технички проблеми; и
- во врска со судски повик, налог, налог за откривање или друго барање или наредба од полицијата.
IV. Пристапување до и менување на вашите податоци
Вие и вашата Организација може да пристапувате до, да ги коригирате или да ги бришете податоците што сте ги прикачиле во Услугата со алатките од Услугата (на пример, менување на податоците на профилот или преку Дневникот на активности). Ако не можете да го правите тоа со алатките обезбедени во Услугата, треба директно да контактирате со вашата Организација за да пристапите или да ги промените вашите податоци.
V. Рамковен договор за заштита на приватноста на податоците помеѓу ЕУ и САД
Meta Platforms, Inc. го има сертифицирано своето учество во Рамковниот договор за заштита на приватноста на податоците помеѓу ЕУ и САД. Се потпираме на Рамковниот договор за заштита на приватноста на податоците помеѓу ЕУ и САД и поврзаната одлука за адекватност на Европската комисија, за пренос на податоци во Meta Platforms, Inc. во САД за производите и услугите наведени во сертификацијата. За повеќе информации, разгледајте го Обелоденувањето на рамковниот договор за приватност на податоци на Meta Platforms, Inc.
VI. Линкови и содржини од трета страна
Услугата може да содржи линкови до содржини со коишто управуваат трети страни што не ги контролира вашата Организација. Разгледајте ги политиките за приватност на секоја од веб-локациите што ги посетувате.
VII. Затворање на сметката
Ако сакате да престанете со користење на Услугата, контактирајте со Организацијата. Слично, ако престанете да работите за или со Организација, Организацијата може да ја суспендира Вашата сметка и/или да ги избрише податоците поврзани со Вашата сметка.
Вообичаено се потребни околу 90 дена за да се избрише сметката по нејзиното затворање, но некои податоци може да останат во резервните копии разумен временски период. Имајте предвид дека содржините што ги создавате и споделувате на Услугата се сопственост на вашата Организација и може да останат во Услугата и да се пристапува до нив дури и ако вашата Организација ја деактивира или ја укине Вашата сметка. На тој начин, содржините што ги обезбедувате во Услугата се слични со другите типови содржини (на пример, презентации или потсетници) може да ги генерирате во текот на вашата работа.
VIII. Промени во Политиката за приватност
Оваа Политика за приватност може повремено да се ажурира. Кога ќе се ажурира, датумот за „последно ажурирање“ подолу ќе се коригира и новата Политика за приватност ќе се објави онлајн.
IX. Контакт
Ако имате прашања за оваа Политика за приватност или за Политиката за прифатлива употреба на Workplace, контактирајте со вашата Организација преку Администраторот на Организацијата.
За жители на Калифорнија, може да дознаете повеќе за правата на приватност на корисниците, така што ќе контактирате со вашата Организација преку Администраторот на Организацијата.
Важи од 10 октомври 2023